Петмесечно бебе починало од глад: Родителите се предозирале, детето починало во големи маки


Петмесечно бебе починало од глад бидејќи неговите родители се предозирале од хероин еден по друг за само неколку минути. Телото на  бебето и неговите родители Џејсон Чемберс (29) и Челси Калдаро (19) ги пронашол близок пријател во нивниот дом во Џоунстаун, Пенсилванија.beba-umrla-od-gladi-620x350-95731

Џејмс Грант бил загрижен поради тоа што никој од нив не слушнал со денови. Заминал во нивниот дом па поради тоа што никој не му отварал додека ѕвонел на вратата насилно влегол.

– Беше многу тешко да се влезе внатре и да се види сето тоа. Уште не верувам, не ми изгледа реално – рекол Џејмс.

Тој открива дека знаел дека имаат проблеми, но дека не заслужиле така да умрат.

Девојчето по нивната смрт издржало уште три, четири дена а потоа и тоа починало од дехидрација и глад. Пронајдена е во своето креветче, нејзината мајка во тоалетот, а таткото во дневната соба.

Медумите наведуваат дека во куќата пронајдена е и дрога, но полицијата тоа не го потврдила.

– Toa e несреќен инцидент. Веројатно двајцата се предозирале во исто време. Никој не приметил дека ги нема со денови – рекол Чад Милер од полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1