Петре Шилегов нов градоначалник на Скопје


Петре Шилегов од СДСМ е новиот градоначалник на Град Скопје. Според резултатите од 100 проценти обработени податоци добиени од избирачките места кои Државната изборна комисија ги објави вечерва на веб-страницата, Шилегов на изборите вчера освоил 141.119 гласови односно 50,32 проценти и ја доби градоначалничката функција во првиот круг од изборите.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Коце Трајановски освоил 101.464 гласови односно 36,18 проценти.

По првиот круг од локалните избори во 45 општини се избрани градоначалници, а во 35 ќе има втор круг за две недели, односно на 29 октомври.

Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебарца.

Втор круг ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.

СДСМ во првиот круг освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ три, ДУИ две, група избирачи две и Демократската партија на Турците едно.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во вториот круг во 19 општини, ДУИ и Алијансата за Албанците ќе се натпреваруваат во пет, ДУИ и БЕСА во седум, во една општина кандидат на група избирачи и на ВМРО-ДПМНЕ, во една ДУИ и СДСМ, во една СДСМ и Сојузот на Роми и во една ДПА и БЕСА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1