Петте најскапи свадби на сите времиња


Кралска венчавка од 1981 година за сегашни 110 милиони долари. Свадбената церемонија на Принцот Чарлс и принцезата Дијана е најскапата свадба на сите времиња. Гламурозниот чин беше изведен во Катедралата Свети Павле пред стотици присутни благородници. Гостите се сладеа со 27 торти од кои само главната беше висока метар и половина чија подготовка траела 14 недели. За да нема изненадувања за секоја од нив имало подготвено и заменска.svadba445

Свадбата на Ваниша Митал ќерката на индискиот челичен магнат Лакшми Митал во 2005 која чинеше тогашни 60, или сегашни 66 милиони долари. Поканите за гостите биле испраќани во сребрени кутии заедно со авионски билет и соба во хотел со пет ѕвезди во Париз.

Свадбата на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. За разлика од татко му, идниот Британски Крал се покажа како поштедлив и за церемонијата потроши 38 милиони долари. Најголем дел од парите отишле за обезбедување.

Свадбата на фудбалската ѕвезда на Манчестер Јунајтед Вејн Руни, кој судбоносното „да“ со избраничката Колин Меклафлин во 2008 година го чинеше тогашни 8 милиони долари. Дел од спектаклот беше чартер лет на 68 гости до Џенова каде заедно со младенците се забавуваа под маски на луксузна јахта вредна 120 милиони долари.

Свадбата на ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Церемонијата на Челзи Клинтон и Марк Мезвински со 500 гости во 2010 чинела 5 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1