Пие по сто кафиња на ден и ништо не и фали


Признајте дека понекогаш и самите  се загрижувате себе си за своето здравје, особено кога ќе дојдете во ситуација веќе да сте испиле три кафиња, а толку многу посакувате и четврто.
Меѓутоа, оваа жена веројатно е светски рекордер во пиење на овој магичен црн напиток и таа се чувствува сосема одлично.

PAY-Helene-Marsot

Американката Хелен Марсо всушност работи како менаџер за контрола на квалитетот на кафето во еден синџир на кафетерии и самата секојдневно консумира неверојатно количество од овој црн напиток. Веривале или не, таа тврди дека се чувствува одлично.

Нејзината работа се сведува на тоа да ја тестира секоја нова пратка од зрна кафе, така што од секоја вреќа ќе си направи и ќе испие по едно кафе.

– Многу работи може да влијаат врз вкусот на кафето. Почнувајќи од начинот на кој кафето се чува во магацин, што може да му ја наруши влажноста и киселоста, па се до начинот на кој се подготвува. Јас имам задача да бидам сигурна дека кафето кое го нудиме на нашите купувачи да биде беспрекорно – изјавила Хелен за британски „Мирор“.

Таа патува многу често и тоа токму во потрага по најквалитетното кафе, а многу често испива и по стотина кафиња за само еден ден. Но, оваа Американка вели дека тоа воопшто не му пречи на нејзиниот организам.

– Имам впечаток дека сите тие кафиња всушност имаат позитивно влијание на моето здавје. А ги пијам на секаков начин  во зависност од расположението: топло, ладно, ајс кафе, со додадено млеко, шеќер и чоколадо. Едноставно уживам – признала Марсо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1