Пилотот кој управувал со авионот што се урна спречил голема трагедија


Пилотот кој управувал со авионот што се урна на колумбиско тло спречил уште поголема трагедија, јавуваат неколку јужноамерикански медиуми.rehgrehsrtjtyk-90428

Имено, откако увидел дека нема да може да го одржи авионот во воздух, тој благовремено реагирал испуштајќи го целото гориво додека некако го одржувал леталото. Целта била јасна – при падот на авионот да не дојде до експлозија, која речиси сигурно ќе значела смрт за сите патници.

Според медиумите, токму со овој потег пилотот овозможил дел од патниците да ја преживеат оваа страшна несреќа.

Според најновите информации преживеани се 13 фудбалери кои се однесени во болницата во Меделин и не се наоѓаат во животна опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1