Пилотот спречи катастрофа во Амстердам – ветерот го носеше авионот како да е од хартија


Западна Европа е погодена од силна бура со ветрови чија што брзина достига над 100 километри на час, па пилотите имаат големи проблеми при слетувањето на аеродромите.

На социјалните мрежи се појави видео од драматичното слетување на еден пропелерски авион на аеродромот во Амстердам, Холандија. Ветерот го носеше авионот на сите страни и после долгата „борба“, пилотот успеа со неверојатни маневарски способности да го приземји авионот.

Секако, пилотите се обучени за слетување при лоши временски услови и силен ветер, но сепак сите се согласуваат дека на овој пилот треба да му се даде посебно признание.

На амстердамскиот аеродром „Шипхол“ кој што поради невремето одреден период беа откажани сите летови, често дуваат силни ветрови, па проблеми при слетувањето имаат и пилотите на поголемите авиони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1