Писмо од Заев до амбасадорите


Лидерот на СДСМ Зоран Заев испрати писмо до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино.

Во писмото, како што соопштуваат од СДСМ, се истакнува искрената посветеност на СДСМ за градење амбиент за слободни, фер и демократски избори во усогласениот датум 11 декември 2016 година, но и загриженост дека другата страна има поинакви намери и работи против изборите.zoran-zaev

Во писмото е наведено и однесувањето на владеачкото мнозинство во однос на поднесувањето на предлогот за усвојување на Буџет за 2017 година.

– Остануваме со убедување, дека е неопходно да продолжи позитивниот процес на градење доверба за одговорно политичко ангажирање во пресрет на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година – како неопходен исчекор кон надминување на постојната политичка криза и градење на демократски амбиент во држвата“, се вели во писмото на Заев до амбасадорите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1