Планинари на -25 степени спасија момче на Шар Планина: Лежевме на него да не замрзне


Тројца храбри планинари му го спасија животот на 17-годишното момче што вчера падна во бездна и удри во карпа на Шар Планина, кај Титов Врв. Со натчовечки напори тие дадоа се од себе да му го спасат животот на момчето на -25 степени целзиусови.LAVINA SAPKA PLANINARI SNEG

На 18.12.2016 година во 01,35 часот во ПО Попова Шапка, Д.Б. од Скопје пријавил дека во 01,15 часот телефонски му се јавил, планинар кој со уште тројца планинари се движеле кон Титов Врв, при што кај м.в.„Бакардан“, се случило несреќа во која 17 годишно лице од Скопје, се лизнало од замрзната карпа и се стекнало со повреди и е во тешка здравствена состојба.

По ова се правени обиди телефонски да се стапи во контакт со групата, но на телефонските броеви со кои се располагало, врска не можела да се воспостави, најверојатно поради мрежна непокриеност на просторот.

Околу 03,15 часот кон местото каде што е пријавено дека се случила несреќата се упатиле двајца планинари опремени со соодветна опрема за пружање помош во посебни услови.

Лицата биле пронајдени и со хелихоптер повреденото лице било префрлено до Скопје за укажување на медицинска помош.

Еден од храбрите планинари, кој останал цела ноќ со младиот Кристијан е Дамјан Карловски, кој за Телеграф.мк раскажа што се случувало ноќта меѓу саботата и неделата:Вели дека цела вечер лежеле до нивниот повреден другар, го топлеле со нивните тела за да не премрзне.

,,Кико не беше свесен кај се наоѓа. Имаше повреди по целото тело и на главата, но на моменти се будеше. Кога пристигна помошта во 10 часот, го однесовме со хеликоптер до Скопје во државна болница. Јас бев со него цело време. Вчера го снимаа и за среќа нема никакви скршеници, нема внатрешни крвавења и нема смрзнатини по нозете и рацете, добро го сочувавме – вели Дамјан за Телеграф.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1