Пластичните шишиња за вода се ОТРОВНИ !


На тестовите за време на истражувањети откриени се траги на антимон, хемикалија која се користи во изработка на полиетилен терефталат (ПЕТ) амбалажа,  што најчесто се користи од страна на производителитр на минерални води.

 

Едно истражување открива дека потенцијален смртоносен отров се апсорбира во минерална вода од нивните пластични контејнери. По истражувањето од страна на светскиот експерт д-р Вилијам Шотик тој вети дека никогаш повеќе нема да пие флаширана вода. По ова оживеа загриженоста за безбедноста на флаширана вода, најбрзо-растечката индустрија за светски пијалаци вредна £ 1.2billion годишно.

На тестовите за време на истражувањети откриени се траги на антимон, хемикалија која се користи во изработка на полиетилен терефталат (ПЕТ) амбалажа,  што најчесто се користи од страна на производителитр на минерални води.

Мали дози на антимон може да направи да се чувствувате лошо и депресивни. Поголеми количини може да предизвикаат насилни повраќања, па дури и смрт. Во студијата е истакнато дека количините на антимон во пластичните амбалажи биле далеку под официјално дозволеното ниво. Но, тие исто така откриле дека нивото речиси двојно се зголемува кога шишињата се чуваат неколку месеци.

Професор Шотик, на Хајделберг универзитетот во Германија, рече: “Јас не сакам да ги шокирам  луѓето, но тука е она што го знам: антимонот е постојано присутен во пакуваната вода за пиење. Водата во пластични шишиња е загадена..”

За време на истражувањето тој тестирал подземни води и 15 видови на шишиња минерална вода во неговата родна Канада. Во подземните води било забележано присуство на два дела на трилиони (PPT) на антимон. Флаширана вода во просек има 160 PPT на антимон кога ќе се отвори веднаш по флаширање. Но, подземните води доколку се чуваат во ПЕТ пластично шише се загадуваат и во својот состав имаат 630 PPT на антимон кога ќе се отвори шест месеци подоцна.

Елизабет Грисволд, директор на канадската асоцијација за флаширана вода, пак тврди дека нивото на антимон не претставуваат ризик за луѓето бидејќи тоа едноставно е елемент кој се јавува во трагови..”

Но, Дејвид Коган, епидемиолог од универзитетот во Саутемптон, кој работи со Медицинскиот истражувачки совет, повика на понатамошни истражувања во наодите.

Тој рече дека се уште не се доволно истражени ефектите од антимон и колку е дозволената доза на консумација, па затоа треба да се поработи на овој случај пред истиот да предизвика опасност. Минатата година беше откриен нафталин во шишиња Волвик минерална вода, а истиот во високи дози може да предизвика оштетување на црниот дроб. Бактерија која се користи за филтрирање на водата во шишиња е наведена како можна причина за зголемувањето на нивото на труење со храна.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1