Платив all-inclusive, а ми наплатија и вода и сок…- ЕВЕ како да не ве зезнат


Иако платиле за all-inclusive им биле наплатени вода, сок и други пијалоци. Несоодветно организиран превоз, доцнење на летови, откажување на аранжмани. Ова се дел од поплаките на македонските туристи кои во екот на туристи;ката сезона пристигнуваат во Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ). 

20130615-doznajte-gi-vashite-prava-i-obvrski-pri-skluchuvanje-dogovor-so-turistichkite-agencii-1На тапет се популарните услуги all-inclusive кои се нудат како “се вклучено”, а при пристигнувањето во хотелот, се случували дел од тие услуги да им ги наплатуваат. Како што појаснуваат од ОПМ, граѓаните велеле дека им било наплатено за вода, за сокови или слично. клиентите реагирале дека несоодветно бил организиран и превозот од аеродром до хотел, често и летовите доцнеле, а што се однесува за бесплатните лежалки и други елементи кои биле однапред договорени со туристичката агенција и биле дел од понудата, се случувало тие да им бидат наплатени.

Од Организацијата апелираат кон граѓаните да не чекаат, и веднаш, во рок од 8 дена од враќањето од патувањето да поднесат приговор до самата агенција, и да почекаат разумен рок од 15 дена да им врати одговор на приговорот.

– Доколку добијат негативен одговор или не добијат воопшто одговор, ги советуваме да се обратат до Државниот пазарен инспекторат, кој постапува согласно своите законски надлежности, но исто така можат веднаш да започнат судски спор, односно да поднесат тужба со барање на надомест на штета. Доколку штетата е материјалната е лесно проценлива, и можат да бараат поврат на онолку средства колку што тие додатно потрошиле, не по своја вина, а доколку причинетата штета не е материјална, таквата може да се процени само по судски пат – објаснуваат од ОПМ.

Договорите со туристичките агенции се задолжителни

plaza spionПри патување преку туристичка агенција, потрошувачот задолжително склучува договор. Но, најпрво се врши пријавувањето, а купувачот уплатува аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека тој се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно законските услови. Доколку има промени во аранжманот, тогаш туристичката агенција е должна да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства .

Доколку пак патникот се откажува од патувањето тоа треба да го стори во писмена форма. Доколку има 30 дена до патувањето за отказ се наплатува 5%, за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 10%, за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 20%, за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%, а за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%.
– Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100% – велат од туристичките агенции.

Правила на превоз

Во делот на превозот, патникот е обврзан при патување со авионски превоз да ја провери својата резервација за лет во агенцијата најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот и местото за “чекинг” и предавање на багаж, во вообичаеното време – час и половина пред полетување.
– Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартер-летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чартер-превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба до 20 кг по патник. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, се плаќа во зависност од дестинацијата на патување.

Вечер.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1