По една година затвор за Нинџа и Кољо


Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски-Кољо се осудени на по една година затвор од Основниот суд 1 во Скопје, објави весникот „Вест“.

g_osnoven-sud11Двајцата се осудени поради тоа што на 29-ти октомври лани во Скопје пукале во шест лица и предизвикале општа опасност.

Во текот на постапката Нинџа и Кољо тврделе дека се невини. Според Обвинителството, причина за инцидентот за кои се осудени биле нарушени односи поради откуп на старо железо.

Василевски е познат како клучен сведок во случајот „Ровер“ во кој му се судеше на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1