По овие патишта многу сообраќајки – пред два дена загина цело четиричлено семејство


По патиштата низ Косово се случуваат многу сообраќајни несреќи, за жал, со многу жртви.

Полициската статистика потврдува дека во измнатите петнаесет години, секој трет ден по едно лице го губи животот во сообраќајна несреќа.

– Патиштата низ Косово се претворија во патишта на смртта. Во периодот од 2002 година заклучно со првата половина од годинава, се случиле над 200 илјади сообраќајни несреќи. Во околу две илјади сообраќајки со тешки последици, животот го загубиле 2.201 лице, додека повредени биле околу 100 илјади, наведува приштински „Зери“.

Најмногу жртви, како последица на сообраќајни несреќи се регистрирани во 2006 година -178, во 2009 година- 176 жртви и 2010 година-175 жртви.

Во првата половина од годинава животот го загубиле 51 лице.

Неславниот биланс продолжува понатаму. Во тешка сообраќајна несреќа пред два дена животот го загубија четири лица, сите од едно семејство.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1