По Петровден доаѓа Павловден: Еве што никако не смее да ви се случи на тој ден


По Петровден, големиот празник кој се смета за најголем по Велигден, доаѓа уште еден голем празник, Павловден, со кој се поврзани многу обичаи.

Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пр. во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен. Се празнувало поради град. (Подготви Марко Китевски)

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “По Петровден доаѓа Павловден: Еве што никако не смее да ви се случи на тој ден”

  1. Ѓорѓи #

    Мир на сите.
    Доста ширите празноверие. Секој ден ова или она да не се прави или работи. Од волци , од пајаци, од град и слични глупости. Христијанството е вера на љубовта, а не на стравот. На Бог може да му се служи на три начини:
    1. Од страв и тоа се нарекува служба на робовите. Таа не е праведна и не му е мила на Бога.
    2. Од корист и тоа се нарекува служба на наемникот. Исто како и првата не е во ред.
    3. Од љубов и кон Бога и кон сите луѓе. Тоа е права и вистинска служба кон Бога.
    Се останато е празна слама. А вакви постови само го оддалечуваат човекот од Бога. Се што треба да се прави во секој ден и секој час е напишано и од Бога дадено во неговите 10 заповеди. Правете ги тие работи, а оставете ги пајаците , волците, громовите по страна.
    Бог нека е со вас.

    09/07/2017 09:02 at 09:02 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1