По секс со девојка, скопјанец ја терал да се проституира


СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде М.Ѓ.(47) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,посредување во вршење проституција“, по член 191 ст.1 од КЗ на РМ.

siluvanje500

-Во периодот од од 28.06 до 14.10.2014 година, пријавениот откако се запознал со оштетената истата ја ангажирал за делење на промотивен материјал и по сексуален однос со неа, почнал да ја уценува дека има снимки од сексуалниот чин и ја приморувал да имаат сексуални односи. Подоцна ја вработил во негов колонијал и врз основа на закани дека ќе ги покаже видео снимките од сексуалниот чин на нејзините блиски, а воедно прикажувајќи и дека ќе ја заштити од трето лице кое има намера да ја грабне и силува, во наведениот период со употреба на сила и сериозни закани ја врбувал и потикнувал оштетената да дава сексуални услуги на клиенти, во стан кој бил во сопственост на неговиот брат. За услугите биле наплаќани парични средства во висина од 1.000 до 2.000 денари. По извесно време, кога оштетената сакала да се откаже од давањето сексуални услуги, пријавениот физички ја нападнал нанесувајки и повреди по целото тело, соопштуваат од полицијата.

Настанот од страна на оштетената е пријавен СВР Скопје по што се преземени сеопфатни мерки и активности и врз основа на судска наредба од Основен Суд Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени повеќе докази  и истите се одземени за понатамошна постапка.

Извршен е службен разговор со пријавениот, како и со лица кои ги користеле сексуалните услуги на оштетената, а кои за истите му плаќале на пријавениот.

Инаку, во изминатиот период против М.Ѓ. се поднесени повеќе кривични пријави во врска сторени кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“, „измама“, „силување“, „фалсификување пари“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1