По светската промоција, Самсунг ги претстави Самсунг Галакси С9 и С9+ и во Македонија


Со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ до неверојатни можности за модерна комуникација: супер бавно “slow-mo” видео, најдобра камера за снимање при слаба осветленост, пиктографи за изменета реалност запоперсонализиран начин на изразување Скопје, Македонија – 12. Март, 2018 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ги претстави новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) паметни телефони во Македонија.

Новите паметни телефони на Самсунг пристигнуваат со низа новитети и подобрувања: неверојатна камера за снимање при слаба осветленост со двојна бленда на објективот, супер бавен “slow-mo“ видео запис и пиктографи (AR emoji) за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување. Овие неверојатни уреди неодамна беа за прв пат претставени во рамки на Светскот Конгрес за Мобилна Технологија 2018 во Барселона, каде освоија 30награди, вклучувајќи ја и најзначајната награда во рамки на годишните Глобални Награди за Мобилна Технологија (Global Mobile Awards – GLOMO Awards) – “Најдобар Нов Уред за Поврзување“ (“Best New Connected Device”). Новиот Самсунг Галакси С9+ се стекна со оваа награда благодарение на својот префинет дизајн, напредна камера и извонредни перформанси. „Овие награди за нас се поттик од година во година да бидеме што подобри во создавањето уреди кои во потполност ќе можат да одговорат на сите предизвици на модерното време и на потребите на нашитекорисници.

Верувам дека со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ повторно ја поместивме границата во развојот на паметни телефони. На корисниците им понудивме иновативни уреди кои ќе им овозможат дасе изразат и да комуницираат на целосно уникатен начин.“- изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во компанијата Самсунг за Адриатик регионот.

Камерата со двојна бленда на Самсунг има обектив кој функционира слично како ирисот на човечкото око и автоматски може да се менува согласно различните услови на осветлување. На овој начин, фотографиите изгледаат одлично без разлика дали се фотографирани во услови на поголема светлина или при слабо осветлување, дење или навечер.

Двојната бленда поддржува “F1.5“ и “F2.4“ режим. Кога е темно, објективот се отвора до “F1.5” за да пропушти повеќе светлина за јасни и чисти фотографии, додека на дневна светлина објективот автоматски се префрла во режим “F2.4“ овозможувајќи фотографијата да ја задржи својата острина.

Исто така, новите Самсунг Галакси С9 и С9+ имаат напредна камера со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија за висок квалитет на фотографии. Благодарение на овој сензор, камерата може да ги долови сите детали четири пати побрзо, и тоа поголем број од нив.

Со опцијата “Super Slow-Mo“ за креирање видео записи, секој корисник може да ги зачува секојдневните незаборавни мигови со помош на динамичнни и успорени видео записи кои снимаат до 960 слики во секунда. Галакси С9 и С9+ поседуваат автоматски детектор за движење, интелигентна карактеристика која детектира движење и автоматски почнува да снима се, претворајќи приближно 0,2 секунди реални случувања во околу 6секунди снимка. По снимањето на записот креиран со “Super Slow-Mo” функцијата, корисниците може да ја одберат и музиката која ќе се слуша во позадина на видеото. На располагање имаат 35 различни опции, а може да додадат и мелодија од својата омилена плејлиста. Корисниците, исто така, на едноставен начин, со помош на допир може да креираат, уредуваат и споделуваат содржини во GIF формат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1