Почина 55 годишна жена – 4 жртва на бактеријата листерија во Македонија


Во текот на ноќта почина пациентката со листериозен менингоенцефалит, што подолг период се лекуваше на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести-Скопје, соопшти Министерството за здравство.

infektivnaСтанува збор за пациентка на возраст од 55 години која спаѓала во ризична група пациенти поради хронични заболувања. Ова е чеврто починато лице од бактеријата листерија во Македонија.

Пациентката, како што се наведува, била хоспитализирана на 7 јуни на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника со главоболка, повраќање, покачена температура и други потешкотии, кои започнале една недела пред прием на клиниката. Веднаш е отпочнат третман со антибиотска терапија, антиедематозна, диуретска, антикоагулантна, антиулкусна и останата супортивна терапија. Дошло до одредено подобрување на нејзината здравствена состојба, но во текот на вчерашниот ден настапува нагло влошување на состојбата со застој на срцето и покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт.

На Клиниката за инфективни заболувања во моментов нема хоспитализирани пациенти со листерија, а значително е подобрена и стабилна здравствената состојба на доенчето хоспитализирано на одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Почина 55 годишна жена – 4 жртва на бактеријата листерија во Македонија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.