Почина актерот Владимир Ангеловски – Дади


На 66 години, по кратко боледување, синоќа во Скопје почина актерот Владимир Ангеловски – Дади.

Комеморацијата по повод неговата смрт ќе се одржи утре во Драмскиот театар Скопје, со почеток во 10:30 часот. Телото ќе биде изложено во капелата на градските гробишта Бутел во 12:00 часот, а погребот ќе се изврши во 13:00 часот, соопшти Драмски театар Скопје.

Владимир Ангеловски – Дади, роден на 22 мај 1946 година во Скопје, е еден од поистакнатите македонски актери. На шест години учествува во формирањето на првата Детска радио драма во МРТВ. Во тој период освојува три први места на Југословенскиот фестивал за детска Радио драма. Во Драмски театар прв пат настапува во 1962 година во улогата на Оливер Твист.

Официјално, како веќе афирмиран актер, станува дел од Драмскиот театар во 1966 година, каде веднаш му е доделена улогата на Принцот и Просјакот во истоимената претстава. Од 1967 година се врабутува во ДТС и учествува во сите проекти на театарот. Како поважни проекти од тој период се издвојуваат улогите во позната трилогија „Чук, чук Стојанче“, „Баш Челик“ и „Шекспир во приказни“, сите три во режија на Коле Ангеловски.

Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра е една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”. Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото”, во претставите „Мефисто”, и „Дунек”. Учествува и во сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје”, “Битолски лакрдии” и многу други.

Дади учествуваше и во радио-телевизиската програма “Хихирику”. Има настапувано и во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се улогите на Дади и во голем број од македонските народни приказни. Тој е единствениот актер кој 9 години по ред настапуваше на манифестацијата Глумците пеат.

Извор – Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1