Почина Јана Новотна


Јана Новотна една од најдобрите чешки тенисерки на сите времиња и поранешната шампионка на Вимблдон од 1998 година, почина на 49-годишна возраст. Чешката тенисерка долго се бореше со рак, и на крајот, ја загуби битката.

Новотна беше една од најдобрите светски тенисерки во последната деценија од минатиот век и освои вкупно 24 титули. Највредната е од Вимблдон пред 19 години.

„Јана беше инспирација за цела генерација тенисерки, а нејзиното однесување и на и надвор од теренот беше пример за сите. Нејзината ѕвезда вечно ќе сјае во историјата на тенисот. Сочуствуваме со загубата и нашите мисли се со семејството на Јана”, вели извршниот директор на ВТА, Стив Симон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1