Почина легендата на македонското ТВ снимателство


Соколe Јосифоски еден од легендите на македонското информативно снимателство почина денеска. Соколе е еден од ретките сниматели кој целиот свој работен век и го посвети на камерата и на Македонската Телевизија.

Како снимател во информативната редакција на МТВ животот го мина со новинари известувајќи за најголемите и најважните настани за Македонија и светот. Со неговата камера ги забележа и пренесе на јавноста најзначајните моменти од нашата историја.

Голем пријател, професионалец, вечен лојалист на македонската телевизија човек со големо срце. Наградуван за својата работа. Почитуван од колегите и новинарите. Го пропатува светот со својата камера, до последно доследен на својата работа. Пример за помладите колеги кои ги водеше.

Погребот ќе биде утре во 13 часот на градските гробишта во Бутел.

Почивај во мир – го задолжи македонското новинарство за навек.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1