Почина Македонец на истото место каде пред два месеци му изгореа сопругата и синот


Во урнатините од опожарената куќа, вчера почина битолчанецот Томе А. (60), неполни два месеца откако во пожар во куќата на улицата „Девејани” во Битола живи изгореа неговата сопруга Фатма А. и 17-годишниот син Дарко А, објави порталот СДК.мк.

foto – kurir.mk

Таткото, кој беше болен од рак, по пожарот кој избувна на 29 јануари годинава, беше префрлен во битолската болница, а потоа сместен во прифатилиште за бездомници.

Откако здравјето му се влошило побарал последните денови да ги мине во својот дом и за тоа потпишал и документ. Се вратил во опожарената куќа, каде што немал услови за пристоен живот. Според раскажувањето на соседите, живеел во тоалетот кој што пожарот најмалку го оштетил.

Вчера попладне соседите пријавиле во Итната медицинска помош и во Центарот за социјални работи дека го затекнале мртов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1