Почина момчето кое доби струен удар сакајќи да се слика на вагон


Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Ургентниот центар почина 15 годишното момче кое беше тешко повредено со изгореници од втор степен од струен удар.vagon1-480x372

Момчето на 7-ми април годинава во депото на Македонски железници, се качило на вагон цистерна со намера неговата 13 годишна другарка да го слика. Малолетникот се доближил до електричниот кабел кој бил под висок напон при што се здобил со изгореници.

Телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

Од МВР вчера информираа дека двајца малолетници во два одвоени случаја пред два дена биле тешко повредени од струен удар во обид да се фотографираат качени на вагон на Македонски железници.

Во депото на Македонски железници, 14-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. Кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, од струен удар добил тешки телесни повреди.

Ист случај е евидентиран од МВР пред два дена во 19.05 часот во депото на Македонски железници, каде 15-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. И тој добил тешки телесни повреди од струен удар откако се доближил до електричниот вод под висок напон.

Двајцата се пренесени во Ургентниот центар во Скопје и е задржан на понатамошно лекување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1