Почина Нелсон Мандела поранешниот претседател на Јужна Африка


Поранешниот Јужноафрикански претседател, Нелсон Мандела, и борец против апартхејдот почина во неговиот дом во Јоханесбург, на 95-годишна возраст.

Тој се врати од болница на 1 септември во критична состојба откако во болницата во Преторија помина речиси три месеци . Се бореше со серија белодробни инфекции и респираторни болести во последните неколку години.

nelson mendelaМандела кој помина 27 години во затвор откако беше осуден за саботажа и заговор против владата во неговата земја, беше ослободен во 1990 година, кога стана првиот демократски избран претседател на ЈАР, а функцијата ја извршуваше од 1994 година до 1999 година

Нелсон Мандела, поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, кој се смета за икона на борбата против расистичкото општествено уредување е роден на 18 јули 1918 година во селото Мвезо во југоисточниот дел од ЈАР, Роден е како Ролихлахла Далибунга, додека англиското име Нелсон му го дал учителот во основно.
Познат е и по својот прекар Мадиба.

Беше женет за Евелин Мејс, која му родила четири деца, за 14 години брак.

Добил лиценца за занимавање со адвокатура, па во Јоханесбург со партнерот Оливер Тамбо отворил адвокатска канцеларија, со кого и водат заедничка борба против апартхејдот.

Во 1958 се жени со Вини Медикизела, со која подоцна заедно се политички активни.

South Africa MandelaВо 1960 година, Мандела заминува во политичка илегала, а по масакрот во Шарпвил во кој полицијата убила 69 црнци, заклучил дека против расистичкиот режим треба да се бори и со насилни методи, па е соосновач на военото крило на АНК (Африканскиот национален конгрес).

Уапсен е во 1962 година, и по кусо судење, осуден на пет години затвор за саботажа. По две години против него има ново обвинение за државен удар и е осуден на доживотна робија, а казната ја отслужувал до 1982 година во затворот на островот Робен. Таму заболел од туберкулоза.

Мандела конечно е ослободен на 11 февруари 1990 година, а на АНК повторно и е дозволено политичко делување, по што почнуваат преговори за прекин на апартхејдот.

Во декември 1993 година, преговорите биле при крај, а Мандела и де Клерк ја поделиле Нобеловата награда за мир, по што се одржуваат претседателски избори каде сите имаат право на глас, а Мандела е избран за прв црн претседател на ЈАР.

На 80-годишна возраст стапува во трет брак, со вдовицата на претседателот на Мозамбик, Граца Машел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1