Почина поранешниот министер за внатрешни Томислав Чокревски


Денеска во Скопје почина проф.д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи во периодот од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година

.Утре (06.12.) со почеток во 13 часот во Домот на АРМ (сала бр.4) ќе се одржи комеморативна седница.

Чокревски е роден во Битола на 11 декември 1934 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје[1] во 1958 година. Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1967, а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Социјалната природа и функција на големите организации и развитокот на социјалистичката демократија“ во 1976 година.

На Правниот факултет во Скопје бил избран за предавач по предметот социологија во 1968, за виш предавач во 1972, за вонреден во 1977 и за редовен професор во 1982 година. Бил уредник на списанието „Погледи“ во1964 година и републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година[2].

Бил декан на Правниот факултет во Скопје во 1991 и 1992, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1992/93 – 1993/94) и министер за внатрешни работи во Владата на Бранко Црвенковски од 1995 до 1998 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1