Почина познатиот моден креатор Живанши


Основачот на модната империја „Живанши“, легендата на францускиот и светски дизајн Ибер де Живанши почина на 91 години, потврдено е од модната компанија.

Легендарниот француски дизајнер кој ги осмисли модните стилови на Џеки Кенеди и Одри Хепберм почина на 91 години.

-Со голема тага известуваме дека нѐ напушти Ибер де Живанши, наведува во соопштението партнерот на модниот дизајнер Филип Вејн.

Живанши е роден на 21 февруари 1927 година во семејство на многу уметници. Меѓу останатото, прадедото на Ибер изработувал костими за театар, а некои од неговите модели се во Елисејската палата.

Неговата прва колекција се појавила во 1952 година со заработка од околу милион евра, што му овозможило да отвори сопствена компанија – „ The House of Givenchy“

Со своите револуционерни идеи остави голема трага. Создавајќи го малиот црн фустан за Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“, сврте нова страница во модниот свет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1