Почина познатиот српски актер кој пред месец дена брутално беше претепан од соседот


Актерот Васа Спасојевиќ (72) од Гамзидарска бања кај Зајечар кој брутално беше претепан во средината на феврауари, по што падна во длабока кома, почина во Клиничко болничкиот центар во Ниш.

Спасојевиќ го претепа соседот, кој потоа, мислејќи дека актерот е мртов, го одвлекол во блиската шума.

Тој требало да оди кај соседката Љубинка Маринковиќ на кафе, но кога го немало по половина час чекање таа тргнала да го бара. Маринковиќ вели дека недалеку од својата куќа, во боровата шума, слушнала кавга, а потоа и повиците на Васа за помош.

„Полицијата погледна надолу и рече не го лежи човекот, со крвава глава. Черепот му е скршен, му се гледам мозокот, а јас почнав да плачам, се срушив… Тоа беше добар човек, рече тогаш соседката.

Љубинка вели дека Спасојевќ бил во судир со еден сосед кој во октормври минатата година го претепал и му нанел повреди на главата. Поради тоа таа и Спасојевиќ пред 10 дена дале изјави во Основното јавно обвинителство во Зајечар. Полицијата во овој град не сакаше да потврди, а ни да ја демантира поврзаноста на овие два случаи, а неофицијално насилниот сосед е преведен на сослушување.

Актерот падна во кома во средината на минатиот месец, а речиси месец дена потоа и почина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1