Почина режисерот и амбасадор Љупчо Тозија


Режисерот и поранешен амбасадор на Македонија во Италија Љупчо Тозија почина вчера во Скопје на 71 година.

По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија речиси целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија (МТВ), се до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Италија. Беше автор, режисер, уредник на редакции до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.

Љупчо Тозија е сопруг на актерката Сабина и татко на режисерот Вардан Тозија, како и брат на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија.

Посмртните останки на Љупчо Тозија ќе бидат изложени утре од 12 часот во капела на гробиштата Бутел, а погребот ќе биде во 13 часот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1