Почина Шимон Перес


Поранешниот израелски претседател и виден државник, Шимон Перес, почина утринава во Тел Авив, на 93-годишна возраст, јавија британските медиуми, повикувајќи се на израелското радио.

Пред две недели Перес беше примен на одделението за интензивна нега во болницата „Тел ха Шомер“, во Тел Авив, со тежок мозочен удар. Лекарите одлучија пациентот да го стават на апарати за вештачко дишење и во вештачка кома, а вчера тие информираа за драстично влошување на неговата здравствена состојба, посочи ТАСС.simon-2-640x294

Смртта на Нобеловецот за мир во 1994 година е потврдена од неговиот личен лекар и зет Рафи Валден, забележуваат француските медиуми. Валден изјави дека Перес починал во сон, во 3 часот утринава (полноќ според Гринич). Тој не даде повеќе информации, туку само прецизираше дека утринава ќе има прес-конференција.

Со смртта на Шимон Перес од светот си замина една историска фигура, последниот преживеан од генерацијата основачи на израелската држава и еден од архитектите на спогодбата од Осло, со која беа положени темелите на палестинската автономија во 90-те години од минатиот век, заради што ја доби и Нобеловата награда за мир, потсетуваат француските медиуми

Исак Херцог, претседател на израелската опозициска Партија на трудот, која повеќепати беше раководена од Шимон Перес, искажа жалење за смртта на поранешниот државник, кого го нарече „еден од најголемите лидери кои Израел ги имал“, пренесе ДПА.

-Тој беше учител, пријател и голем водач, кој ќе остане засекогаш во спомените и историјата на Израел, рече Херцог, збогувајќи се со Перес „со болка и љубов“.

Изрази на сочуство изразија и други израелски лидери, вклучувајќи ги и членовите на владата. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја изрази својата длабока лична болка од смртта на големиот државник.

Барак Обама изрази почит за Перес и истакна дека поранешниот претседател никогаш не престанал да верува во мирот, посочуваат француските меидуми. Американскиот претседател и неговата сопруга Мишел изјавија дека ќе го паметат Перес како ценет пријател, олицетворение на самиот Израел.

Со смртта на Шимон Перес Израел загуби лидер, кој од првиот до последниотр свој ден се бореше за безбедноста, благосостојбата и за неограничените можности за својата земја. Блискиот исток загуби жесток борец за мирот и помирувањето, забележаа Хилари и Бил Клинтон.

Посмртните останки на Перес ќе бидат изложени утре во израелскиот Парламент, Кнесетот, информира ДПА, повикувајќи се на израелската телевизија „Ченел 1“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1