Почна средбата Груевски – Црвенковски


Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, на која ќе се обидат да изнајдат решенија за политичката криза и за учество на опозицијата на претстојните избори.

gruevski crvenkovskiНа средбата присуствуваат и Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на премиерот Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров и пратеникот Јани Макрадули.

Средбата се одржува на иницијатива на премиерот Груевски, кој вчера упати покана до Црвенковски.

На средбата, најавува тој, би можело да стане збор околу видувањата за изборите, за согласно принципите и уверувањата, како и утврдените демократски стандарди да се изнајде решенија за учество на Социјалдемократскиот сојуз на претстојните избори.

Лидерот на СДСМ Црвенковски прифаќајќи ја поканата за средба изрази надеж дека кај премиерот Груевски постои искрена политичка волја заеднички да се утврдат и реализираат сите предуслови за одржување слободни и фер избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1