Почнува годината на Мајмунот: Правете бебиња, ќе бидат успешни и паметни!


Кинезите денес, 8 февруари, ја прославија Кинеската нова година според кинескиот лунарен календар влегуваат во годината на Мајмунот, а за тоа животно се поврзуваат низа симболи во кинеската традиција и голем број кинески двојки сакаат токму оваа година да добијат бебе.

Циклусот на лунарниот кинески календар трае 60 години, а 12 години се смета за мал циклус.bebe-porodiliste-1378756547-363903

Кинескиот зодијак содржи 12 животни (стаорец,бивол, тигар, зајак, змеј, змија, коњ, овца, мајмун, петел, куче и свиња) и годините се нижат токму по тој циклус. Секое животно претставува некои симболи, а годината на Мајмунот (1920,1932,1944,1956,1968, 1980, 1992, 2004, 2016) симболизира виталност и памет.

Годината на Мајмунот е деветта во циклусот и доаѓа по годината на Овцата, а Овцата симболизира пасивност и послушност. Мајмунот е симбол на енергичноста. Луѓето родени во годината на овој знак се интелигентни, мудри , друштвени, но честопати и непослушни. Лесно владеат со многу вештини, но по малку се и арогантни и темпераментни, што понекогаш ги спречува да напредуваат. Според верувањето, луѓето се под влијание на карактерот на животното кое владеело во годината не неговото раѓање.

Најпознат Мајмун во кинеската култура е „Кралот Мајмун“, кој имал многу натприродни моќи и бил задолжен за чување на аџиите на династијата Танг (618-907) при враќањето од будистичката сутра од Индија. Тој е симбол на храброста и добрината, а тој е главен јунак во бројните кинески опери, филмови и серии.

Мајмунот е симбол на висок статус во општеството. На кинески јазик изговорот на именката „мајмун“ (хоу) е многу сличен со изговорот на именките кои означуваат силен човек и висока позиција.

Бројни скулптури или други уметнички дела ја имаат темата „Мајмун на коњ“, што во кинеската традиција означува ненадеен подем во кариерата на човекот.bebe-u-porodilištu

Многу видови на Мајмуни имаат бела брада, па Кинезите тоа животно го сметаат и за симбол на здравје и долговечност.

Вреди да се потсети дека старите Кинези верувале дека Мајмуните имале посебна чувствителност на појавата на чума и други опасни болести и природни катастрофи, па токму Мајмуните биле неизоставен дел од трговските каравани во древните времиња.

Кинеската нова година отсекогаш ја следат митови и различни традиции. Луѓето воглавно сакаат во тој период да се „наоружаат“ со среќа за месеците кои доаѓаат, па некои семејства избегнуват да прават баксузни работи. Во текот на прославата луѓето не носат стара и искината облека, за да не внесуваат лоша среќа во новата година. Некои избегнуваат да извршуваат домашни работи , да ракуваат со ножеви и да изнесуваат ѓубре, за да не ја исфрлат добрата среќа.

Исто така, за да имаат пари, родителите на своите деца кои се уште не се во брак им подаруваат црвени коверти со пари. За време на Лунарната нова година се даруваат милијарда црвени коверти.

Се верува дека среќни пари може да се очекуваат ако при честитањето на кинеската Нова година кажете: Ви поскаувам среќа и благосостојба: подарете ми црвен коверт“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1