Почнува нова војна – Северна и Јужна Кореја пукаат една во друга – евакуација на население


Северна Кореја лансирала неколку гранати кон Јужна Кореја, која возвратила и сега се подготвува за најлошото.
Северна Кореја стрелала во четвртокот кон јужнокорејските звучници од кои последните денови се емитува пропаганда против Пјонгјанг, пренесуваат јужнокорејските медиуми.
462879_koreja-foto-reuters-6_f

Според извори во јужнокорејската армија, севернокорејските војници околу 16 часот по локално време отвориле оган на западниот дел од границата. Медиумите не наведуваат за кој вид оружје станува збор, а јужнокорејското министерство за одбрана објави дека се проверуваат таквите информации.

Јужна Кореја неодамна по повеќе од десет години повторно ги постави звучниците за пропаганда на границата, по експлозии на противпешадиски нагазни мини во пограничната област за што го обвинува Пјонгјанг, и во кои на 4-ти август тешко беа повредени двајца јужнокорејски војници кои останаа инвалиди. Сеул од тие звучници емитува пораки во кои ја осудува оваа наводна севернокорејска провокација.

Јужнокорејската војска е во состојба на највисока приправност, откако ги гранатирала пограничните положби на севернокорејската армија во одговорот на артилерискиот напад од другата страна, а Сеул започнал и итна евакуација на своето население кое живее во пограничната област.

Артилерискиот оган го открил радарот на војската во 15:32 часот по локално време, изјавил еден службеник за јужнокорејската информативна агенција Јонхап. Армијата на Јужна Кореја возвратила.

Нема жртви ниту штета во оваа канонада, но Сеул сепак издал наредба за евакуација на населението кое живее на западот на Корејскиот полуостров, каде што се случил инцидентот.

Јужнокорејската телевизија KBS јавила дека севернокорејската војска го нападнала центарот од кој преку звучници се емитува пропаганда против политиката на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Пјонгјанг неколку пати побарал од Сеул да ги изгаси тие пунктови, кои ги смета за провокација.

Од Северна Кореја нема никаков коментар за овие случувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1