Поддршка за дедо Љубе, човекот кој ја бранеше својата хендикепирана сопруга


Фејсбук група со наслов Правда за дедо Љубе“ која претставува иницијатива за помош на дедо Љубе од хуманите луѓе. Дедо Љубе е 75 годишен жител од кратовското селото Kојково, на кого му се суди за убиство на разбојник кој пред две години ги нападнал него и неговата хендикепирана сопруга во нивниот дом во селото, а вчера отиде пеш во Основниот суд во Kуманово, пишува DV.mk

dedo ljube fejs2

„Се сеќавате ли на дедо Љубе од село Којково? Дедо Љубе цел живот помагал, им ги спасувал животите на залутаните планинари, им помагал на затрупаните рудари колеги и многу пати дури го ризикувал и сопствениот живот. Сега е време и ние да му помогнеме на дедо Љубе. Живее во трошна куќа со својата баба која беше мета на силеџии при што се случи и немил настан. Бранејќи се од насилниците кои влегле во неговиот дом и го нападнале него и неговата баба, биле мачени, тепани и на крај и врзани. Некако успеал да ги одврзе ортомите и испукал со пушката за да се одбрани.

Денес, на дедо Љубе му се суди и на неговите 75 години оди пеш час и половина за да стигне на рочиште. За дедо Љубе обезбедивме правна помош, она што би можеле се парични донации за кои дополнително ќе биде договорен начинот и времето на собирање“, пишува во групата.

Screenshot_46

Адвокат бесплатно ќе го брани дедо Љубе

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Поддршка за дедо Љубе, човекот кој ја бранеше својата хендикепирана сопруга”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.