Подгответе се вечерва, доаѓа страшно невреме – Од утре нов влажен бран, температури под нулата и снег


Времето денеска сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува.

Во вечерните и ноќните часови во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен јужен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен.dozd
Метеоролошки параметри за Скопје: Tемпература = 18 °C, Притисок = 976 hPa, Релативна влажност = 42 %, Средна брзина на ветер = 5 m/s.

Утре под влијание на нов влажен бран времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

На места се очекува да наврнат над 25 л/м2. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во четврток ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен, а во петок од северозападен правец.

Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1