Поднесени прекршочни пријави за 2 лица за настаните пред Собранието


Министерството за внатрешни работи започна со расчистување и целосно документирање на агресивното и недолично однесување при насилното пробивање на полицискиот кордон и обидот да се изврши упад во зградата на Собранието на Република Македонија или да се предизвика инцидент со побројната група граѓани организирани во „Фронт за Македонија“.

sobranie dve straniМВР денеска соопшти дека во моментот кога групата почна да ги урива безбедносните огради и да ги турка и гази полициските службеници, загрозувајќи ја нивната безбедност, единаесет припадници на полицијата се здобија со повреди од различен карактер.

Врз основа на снимките од полициските камери и видеоматеријалите од насилното пробивање на кордонот обезбедени од медиумите, досега се идентификувани три лица и тоа: Н.М.(1989) од Скопје, В.Н.(1965) од Звегор-Делчево и А.Ќ.(1979) од Гевгелија. Од страна на СВР Скопје против првите двајца се поднесени прекршочни пријави за констатиран прекршок по чл.15 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир („Кој не ќе се оддалечи од група луѓе која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилики кога јавниот ред е загрозен ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност“), додека против третиот е поднесен записник за констатиран прекршок по чл.13 од ЗППЈРМ („Кој омаловажува државен орган односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра до денарска противвредност. Ако службеното лице со ставот 1 на овој член е полициски службеник на сторителот ќе му изрече глоба во износ од 600 до 900 евра во денарска противвредност“).

Се работи и на прибирање информации и идентификување на лицата кои се наоѓаа во непосредна близина на градоначалникот на општина Карпош и физички нападнаа граѓанин.

Во соопштението се подвлекува дека денеска е пријавен и инцидентот во кој физички беше нападнат повозрасен граѓанин од страна на лице присутно на синоќешниот протест во центарот на Скопје.

– Ниту еден од организаторите до овој момент на полицијата не и го посочи идентитетот на насилникот, но врз основа на емитуваните материјали ќе бидат утврдени неговите генералии по што ќе следува кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот Закон на Република Македонија, стои во соопштението.

МВР во соработка со медиумите и надлежните институции ќе продолжи да работи на идентификување на сите учесници во насилните инциденти и по документирањето на случаите, против сите инволвирани ќе следуваат соодветни пријави.

mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1