Подобро е да си директор со моќна фирма отколку премиер во Србија


Работодавачите на поедини државни фирми, убедливо се пред најважните државни функционери по заработка.

krvavi pariНа пример, шефот на државата во Србија Томислав Николиќ месечно прима 150,000 динари, додека првиот човек на „Железница“ Драгољуб Симоновиќ, заработува десет пати повеќе. Премиерот Ивица Дачиќ месечно добива по 172,488 динари, а Александар Обрадовиќ, вицедиректор на EPS, има плата од 220,000 динари.
Членовите на кабинетот на Премиерот во просек заработуваат околу 108,000 динари, што е околу 70,000 помалку од примњата на Душан Бајатоиќ во „Србијагас“, или 52,000 помалку од Милорад Грчиќ, кој е на чело на „Колубара“.

Иако спрема важечките правила, директорот на државна фирма месечно може најмногу да заработи 165,995 динари, најуспешните менаџери, можат и да го надминат овој лимит доколку основачот им призне дека направиле добри резултати.
Сепак се наметнува прашањето со што работодавачите загубари, заслужуваат повисоки плати од луѓето кои ја водат државата.
„Во наредниот период детално се „претресуваат“ сите лични доходи во државниот апарат и јавниот сектор. Главниот критериум за одредување на платата ќе биде важноста на позицијата и работата која ја извршуваат функционерите и чиновниците, но и детално ќе се анализира работата на претпријатијата кои бележат губиток“, велат во кабинетот на премиерот Дачиќ.
Ќе биде воспоставен нов критериум. Клучна ќе биде одговорноста, но и учинокот на позицијата која некој ја извршува.

Вицепремиерот Расим Љаич укажува на апсурдите во висината на личните примања.
„Има многу нелогичности кои мора системски да се решат, но не смееме да отидеме во популизам. Работата мора да се одвои од нередот. Ако имате успешн менаџменти во јавните претпријатија, се согласувам дека морате адекватно да ги платите. Сосема спротивно е со губитоците“, вели Љајиќ.
Вработените во независните државни институции имаат и понатаму огромни плати, затоа што ограничувањата предвидени со закон за нив не важат. Меѓу заштитените се Народна банка на Србија, Контролата на летање, Агенцијата за борба против корупција, Државната ревизорска институција и Фискалниот совет.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1