Пофалби за известувањето на ТВ Нова на социјалните мрежи


Социјалните мрежи полни со пофалби за работата на Телевизија Нова, чиишто тимови со вонредна програма до доцна во ноќта известуваа од подрачјата најзагрозени од невремето.

Од позитивните коментари ги издвоивме следните: „Само ТВ Нова без прекин известува“, „ТВ Нова цело време има вонредна програма и излезени се на лице место“ или „ТВ Нова медиум за пример“.tvnova-pofalbi-640x360

Стајковци, Арачиново, Сингелиќ – новинарските екипи на Телевизија Нова со информација, слика и тон – први известуваа од терен за заглавените возила на скопската обиколница на кои им беше потребна помош, за поплавените домови во општина гази баба и за напорите на надлежните служби да ја стават ситуацијата под контрола.

Телевизија Нова продолжува со навремено информирање за ситуацијата со невремето во скопско, за домашните и светските настани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1