Поголеми камати за „црнци“?!



Банката „Велс Фарго“ во САД наплаќала повисоки камати на „црнци“ за што е обвинета за расизам и дискриминација.

Поради ваквите сомневања филијалата во Сан Франциско ќе плати 175 милиони долари на име спогодба, како би избегнала тужба дека на клиентите со африканско потекло им пресметувала повисоки камати отколку на белците, пишува порталот mnog0o.mk

Банката е обвинета дека „практикувала дискриминација на африканско- американските и латино- американските клиенти во работењето со хипотекарните кредити во периодот од 2004 до 2009 година“, соопштува американското министерство за правда.

Според извештаите во соопштението овие клиенти биле насочувани и кон ризични хипотекарни кредити без гаранција, кои повлекуваат значително повисоки камати во однос на заемите со гаранција, додека на клиентите со бела боја на кожата им одобрувала стандардни кредитни услови.

Банката ги отфрли обвинувањата и потврди дека сака спогодбено да го реши овој случај. Поради тоа, таа ќе исплати околу 125 милиони долари како компензација на околу 4.000 клиенти кои плаќале повисоки камати за исти кредит во однос на клиентите од белата раста, како и 50 милиони долари како директна помош на заедниците во Соединетите Американски Држави кој се најмногу погодени од хипотекарната криза.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1