Поларни температури низ цела Македонија – подгответе се – Во четврток наутро ќе биде -11


Под влијание на значително постудена воздушна маса која веќе започна да се спушта од северните географски широчини во следните денови ќе услови значително пониски температури на воздухот а особено студено ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и без врнежи со исклучок на вторник попладне и навечер кога има услови за слаб локален снег.

Стабилно време со ниски утрински температури, кои ќе се движат од минус 11 до минус пет, ќе има во текот на оваа недела. Дневните температури, според УХМР, ќе бидат во постојан пораст.

Според УХМР, утре најниска температура ќе има во Маврово минус 10 степени, каде и дневната ќе остане под нулата и ќе изнесува минус еден степен. Дневната ќе биде во интервал од минус еден до осум степени.

Во четврток ќе биде најстудено кога температурата ќе се спушти до минус 11 степени. Во петок минималната ќе се движи од минус девет до минус два, во сабота од минус шест до плус еден степен, во недела од минус пет до еден и во понеделник од минус пет до нулата.

Дневната температура ќе достигнува и до 13 степени. Во четврток ќе се движи од четири до 10 степени во петок и сабота од пет до 11 степени, во недела од шест до 12 и во понеделник од осум до 13 степени.

Од четврток кон викендот ќе се зголемуваат условите за појава на магла по одделни котлини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1