Полиција на секој чекор, хелихоптери го надлетуваат Скопје – судење за Диво Насеље


Полицајци на секој чекор, полициски хеликоптери го надлетуваат градот. Денеска продолжува судењето за хоророт кој се случи во кумановската „Дива Населба”.sud mk 1

Според информациите на Нова Македонија, денешното и следните рочишта ќе бидат за изложување на доказите од страна на одбраната. За следниот месец се закажани осум рочишта за случајот кој ја потресе македонската јавност.

Судот донесе одлука со овој предмет да ја спои постапката со случајот „Молња“. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.

За потсетување, на 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1