Полицијата во Скопје секој ден добива по 600 пријави


Центарот за известување и командување (ЦИК) при СВР Скопје секој ден од 7 до 19 часот на телефонот 192 добива по 500 до 650 пријави по разни основи, додека во ноќните смени од 19 до 7 по 200 до 300 или вкупно, во текот на едно деноноќие, постапува по 700 до 850 пријави по разни основи.


Според евидентираните активности, минатиот месец се реализирани 154 вонредни, 66 сообраќајни и седум посебни обезбедувања, 78 асистенции, 21 извршен спровод, 25 пренасочувања на сообраќај, 285 прекршоци од областа на јавниот ред и мир, 34 приведедувања на лице по судска наредба, 2.455 платни налози, 3.235 покани за наплата на глоба, 2.308 извршени прегледи на возила и багаж, 58 прегледи на лица, 1.535 проверки за лица во куќен притвор и 496 мерки по пријави на граѓани.

Извршени се вкупно 3.652 проверки за идентитет, 16 пати се употребени средства за присилба, приведени се 611 лица, 568 се повикани и е постапено по 601 судски акт.
Полицијата излегла на места на настани по пријавени вкупно 1.265 кривични дела кои се гонат по службена должност и 415 кривични дела кои се гонат по приватна должност, презела мерки по пријавени 209 поплаки по разни основи и издала 431 покана за глоба за јавна чистота.

Во септември бројот на преземените мерки и активности е слична, 87 вонредни, 40 сообраќајни и едно посебно обезбедување, 121 асистенција, 20 извршени спроводи, девет пренасочувања на сообраќај, поднесени 358 прекршоци за јавен ред и мир, …
Со новиот метод на работа, постапувајќи по секоја пријава на телефонскиот број 192 во Центарот за известување и командување, полицијата се упатува веднаш на местото на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1