Полковник Методиј Хаџи-Јанев нов аѓутант на претседателот Иванов


Полковникот Методи Хаџи-Јанев, со Указ на претседателот Ѓорге Иванов е унапреден во чин бригаден генерал и назначен за аѓутант на Врховениот командант на вооружените сили на РМ.

Како што е објавено во Службен весник, од 14 декември 2017 година, претседателот Иванов со Указ од 4 декември истата година го разрешил бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски од должноста аѓутант на врховниот командант и на негово место го назначил Хаџи-Јанев, кој од август 2015 година е воен аташе во Вашингтон, САД.

Воената кариера ја минува како офицер на специјалните сили и е ветеран од глобалната војна против тероризмот. Тој служеше како командант на првиот контингент на македонските специјални сили во мисијата Слобода за Ирак. Неговата обемна обука во борбата против тероризмот и неговото искуство во Ирак беа клучни за неговото назначување како висок офицер одговорен за обуката при распоредувањето на македонските специјални сили во Авганистан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1