ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА: Доналд Трамп стана нов претседател на САД


Доналд Трамп денеска во Вашингтон положи заклетва како 45-ти претседател на САД.

Трамп беше претседателски кандидат на Републиканската партија на изборите на 8 ноември 2016 година. Претходно во два мандата функцијата шеф на државата ја извршуваше Барак Обама од Демократската партија.tramp-zakletva-pretsedatel-640x360

На претседателските избори одржани во ноември минатата година, Трамп ја победи кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон со мнозинство електорски гласови, иако Клинтон доби речиси три милиони повеќе гласови од граѓаните. Тоа е петти таков случај во историјата на САД.

Трамп е највозрасна личност која стапила на функцијата претседател на САД и прв без претходно искуство во американската влада или армија.

Списанието „Форбс“ во 2016 година го постави Трамп на 324 место на најбогати луѓе во светот со проценка за неговото богатство од 4,5 милијарди долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1