Помилуван еден од најопасните криминалци во Босна


Претседателот на Федерацијата на Босна и Херцеговина Живко Будимир помилува еден од најопасните криминалци.

Помилуван е Мерсед Хаџиќ познат како Мирсо Швицарац, кој според листата на Интерпол уапсен е во Хрватска и предаден на властите во Босна.

Хаџиќ во Казнено поправниот дом Зеница отслужувал казна од две ипол години за обид за убиство во сараевскиот клуб „Инкогнито“ во 2008 година.

Тој уште во петокот бил ослободен од затворот во Зеница, а неговото име се поврзува со криминалната отганизација на Зијад Турковиќ против кој се води постапка за неколку убиства, неколку милионски разбојништва, киднапирање и трговија со дрога

.Тој е фатен во Хрватска бидејќи Интерпол Сараево распишал потерница по него.

Tags: , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1