Пониски цени на роамингот во регионот од 1 јули


Корисниците на мобилна телефонија од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ од 1 јули годинава ќе добијат можност за уште пониски цени во роаминг кои повторно ќе се намалат според договорот за постепено намалување на максималните цени кои мобилните оператори може да ги постават.

Информацијата ја потврди и Владица Тинтор директорот на Регулаторната агенција за електронски комуникации на Србија (РАТЕЛ) за време на четвриот CEE CEE SUMMER собир на телекомуникациски оператори.

– Интересно е што порасна и употребата на мобилен интеренет и пренос на податоци во последните две години за 200 отсто што е извонреден резултат. Уште едно намалување на роамингот ќе имаме од 1 јули, а за наредно намалување на цените ќе мора да има нова согласност од четирите земји – рече Тинтор.

Максималната цена на минута појдовен повик во роаминг во регионот е 24 цента, додека дојдовен повик изнесува седум центи.

Од почетокот на јули цените ќе бидат намалени на 19 центи за појдовни повици и на пет центи за дојдовни повици. На овие цени земјите ќе си додадат и ДДВ.

Кога станува збор за користење интернет во регионот, максималните цени во моментов се изедначени на 45 центи за мегабајт, а од јули ќе биде преполовена, односно 20 центи за еден мегабајт плус ДДВ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1