Попладнево невреме со пороен дожд и грмежи


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови на повеќе места ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено во северните и во источните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.dozd cador

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во почетокот на следната недела, особено поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови од земјата каде што ќе има наместа и пообилни врнежи.

Од среда времето ќе биде стабилно и топло со значителен пораст на дневната температура.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1