Поплавени објекти во Бутел, Карпош и Ѓорче Петров, интервенираа екипи на штабот за заштита и спасување


Екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираа на поголем број на локации по обемните врнежи на дожд кои  го зафатија регионот.

По обилните врнежи на дожд на неколку локации во Скопје се појавија поплави, во општините Бутел, Карпош и Ѓорче Петров.

На терен интервенираа поголем број на екипи на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, каде со возила и пумпи во повеќе поплавени објекти интервенираа екипи на Противпожарната бригада на Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.И во наредниов период штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1