„Поради момент на невнимание синот ми почина“ – Внимавајте на оваа работа кога децата се во близина на вода


Загуба на дете е незамислива трагедија и страшно е да се зборува за тоа. Најтешко за тоа зборуваат луѓето чии деца се живи и здрави, бидејќи тоа е најголемиот страв на секој родител. Истражувањата велат дека најголем број случаи на давење во домашни базени се врзуваат со деца помеѓу 1 и 4 години. Истражувањата велат дека со ставање на ограда околу базенот се намалува ризикот од давење за 83 проценти.

Токму овие податоци многу касно ги дознала една мајка чија исповед ја пренесуваме во целост:

„Беше тоа првиот ден од нашата селидба. Отидов до кујната на неколку минути и ја оставив вратата отворена. Неколку чекори од мене Ноа гледаше телевизија и грицкаше суво грозје. Мојот сопруг заедно со татко ми поправаат нешто во гаража.

Задната врата директно водеше кон базенот. Ноа бешумно ја оптвори вратата за која сметав дека никогаш физички ќе ја отвори. Неколку секунди подоцна слушна вресок и паѓање во вода. Мојот сопруг скокна во базенот, а татко ми повика брза помош.

Никогаш дотогаш не ми падна на памет дека е потребна додатна внимателност кога на исто место имате и базен и дете. Тој ден мојот син загина.

Ова го пишувам за сите мајки кои сметаат дека нивното дете никогаш само не би скокнало во базен. Да имав малку поголема свесност колкава опасност демне, сигурно неколку пати би проверувала дали вратата е затворена и заклучена. Ве молам внимавајте на вашите и туѓите деца и не мислижете дека тоа не може да ви се случи како вам. Не правете ја истата грешка како мене.“ – напишала мајката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1