Поради неа ја заборави Моника Белучи: Винсент Касел ја покажа 22 години помладата девојка


Три месеци откако нивната врска протече во јавноста, францускиот актер Винсент Касел се појави со својата 22 години помлада девојка Тина Канаки, пред два дена на ревијата на „Викторијас сикрет“ во Париз.148702938958418f300a475465793252_w640

Летоска Тина Канаки објави фотографија на социјалните мрежи со славниот актер и така ги потврди шпекулациите за врската. На многумина им делуваше страшна разликата во годините, бидејќи актерот има 49, а Тина 27 години. Сепак, за оваа двојка годините се само број. Тина е инаку успешна италијанска манекенка. Двојката летоска била на одмор на Ибица.tina-kunakey-e-vincent-cassel-2

На двојката тоа ѝ беше прво заедничко излегување, но и потврда на љубовта, за која постоеше сомнеж дека ќе потрае. На Винсент врската со манекенката од Сицилија му е прва сериозна по разводот од италијанската актерка Монија Белучи со која беше 17 години, од кои 14 во брак, и со која има две ќерки. Винсент и Моника се разделија пред три години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1