Поради посетата на Трамп на Париз Ајфеловата кула затворена до сабота


Туристите и жителите на Париз од денеска, па до сабота не ќе можат да се качиваат на Ајфеловата кула. Ваквата забрана, што стапува во сила од денеска во 14.30 часот, е воведена поради посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на францускиот главен град.

Според најаваа, американската претседателска двојка вечерва ќе има вечера со француската претседателска двојка во ресторанот Ле Жил Верн на вториот кат на Ајфеловата кула.

Кулата ќе биде затворена и утре поради свеченостите по повод 14 јули – Денот на Бастиља, бидејќи традиционалниот огномет по повод празникот ќе биде истрелан од оваа париска знаменитост.

Ајфеловата кула ќе биде повторно отворена за јавноста дури во саботата во 9 часот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1