Поранешен руски министер фатен на дело: Примил мито од 2 милиони долари, Путин бесен


Руското обвинителство денес побара девет години затворска казна за поранешниот руски министер за економија, Алексеј Уљукаев кој што бил фатен како прима мито од 2 милиони долари од директорот на „Росњефт“ Игор Сечин.

Поранешниот руски министер ги негира обвинувањата, тврдејќи дека директорот на „Росњефт“ го наместил.

„На судот Уљукаев ја измисли приказната дека Сечин го поттикнувал да земе мито. Уљукаев не објасни зошто Сечин би го провоцирал за такво нешто. Државното обвинителство смета дека верзијата на Уљукаев е одбранбен механизам“, изјавил обвинителот Борис Непорожни на сослушувањето, пренесува „ТАСС“.

Според зборовите на обвинителот, Сечин немал никакви основи за да го намести Уљукаев.

„Обвинетиот само се обидува да се сокрие зад наредбите на претседателот и да ја турне под тепих вистинската причина за неговото доаѓање во Росњефт“, истакнал обвинителот и порачал дека „приказната“ на Уљукаев е „аматерски обид за прикривање на едно криминално дело“.

Уљукаев претходно изјавил пред судот дека ја зел торбата со пари од Сечин мислејќи дека е подарок – вино, и не проверил што има внатре. Неговиот адвокат изјавил дека Сечин му рекол дека ќе го почесто со вино „какво што никогаш не пробал во животот“.

„Значајно е тоа што член на владата посетил една бизнис организација. Таа посета немала никаква друга причина, отколку да биде примено мито од Сечин“, заклучил обвинителот, тврдејќи дека оправдувањето на обвинетиот се распаѓа како „кула од карти“ затоа што според проценките, торба со 2 милиони долари тежи околу 21,95 килограми.

Уљукаев кој што беше министер за економија од 2013-та година, беше уапсен на 14-ти ноември врз основа на обвинувањата дека примил мито од „Росњефт“ за на овој нафтен гигант да му биде овозможено да учествува на тендер за купување на нафта од компанијата „Башњефт“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1