Портокалова фаза, температурата до 40 степени, викендот пеколни 42


Сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер ќе биде денеска во подрачјето на Северновардарскиот и Охридско-Преспанскиот регион, кои ќе биде во портокалова фаза.

Минималните температури ќе се движат од од 10 до 19 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18,а највисоката днева температура преку денот ќе достигне до 40 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Особено топло ќе биде во деновите од викендот, кога максималната температура во најтоплите региони ќе достигне до 42 степена. УВ индексот ќе биде многу висок, со вредност 9.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1